.ky
Изглед
![]() | |
| Воведен | 1995 |
|---|---|
| Тип на домен | највисок државен домен |
| Состојба | активен |
| Регистар | Управа за информатичка и комуникациска технологија |
| Покровител | Управа за информатичка и комуникациска технологија |
| Наменета употреба | единици поврзани со |
| Фактичка употреба | извесна употреба на Кајманските Острови |
| Ограничувања на рестрацијата | мора да биде жител или фирма регистрирана на Кајманските Острови и да има локална адреса |
| Состав | регистрациите се вршат непосредно на вториот степен, или пак на третиот под неколку второстепени имиња |
| Документи | Правила |
| Правила при спор | UDRP |
| Мреж. место | Регистар |
.ky е највисок државен домен (ccTLD) на Кајманските Острови. Право на регистрација имаат само жителите на островите и фирмите регистрирани таму, за што се бара локална адреса и телефонски број. Меѓународниот трибуквен код на Кајманските Острови е CYM, поради што го добиле правото на доменското име .cym[1] за идното проширување на главниот интернет домен, чиј претендент бил и Велс.[2]
Второстепени домени
[уреди | уреди извор]Регистрирањето е дозволено непосредно на вториот степен, или пак на трет степен под следниве наставки:
- com.ky
- org.ky
- net.ky
- edu.ky (само образовни установи)
- gov.ky (само владини/управни)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Информации за .ky Архивирано на 19 април 2006 г. - IANA (англиски)
- Регистрација на домен .ky домен Архивирано на 1 декември 2005 г. (англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Велс изгуби од Кајманските Острови во битката за доменот .cym“. БиБиСИ. 4 ноември 2010. Посетено на 12 јули 2010. (англиски)
- ↑ Нови главни домени — Често поставувани прашања – ICANN, јуни 2011 (англиски)
| Оваа статија доменско име е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
